НА ЈАВНА РАСПРАВА НАЦРТ А ИНТЕГРИРАНАТА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА ЗА РЕК „БИТОЛА“

Јануари 10, 2020

Нацрт А интегрираната еколошка дозвола за РЕК Битола денес беше поставена на јавна расправа пред надлежните институции, еколошките здруженија и граѓаните. Дозволата содржи 84 страници со бројни услови кои РЕК ќе треба да ги сопроведи до 2026 година со цел задоволување на еколошките стандарди во производството на струја од јаглен. Дел од мерките веќе се спроведуваат. 

За издавања на оваа дозвола беше аплицирано од претходни раководства уште во 2007 година и требаше да биде завршена постапката до 2014 година. Но, поради неспроведување на потребните мерки за подобрување на еколошките параметри во производниот процес во тој период, постапката беше закочена. Пред две години барањето се реактивира и се започнаа преговори со Министерството за животна средина.

Директорот на РЕК „Битола“ Златко Ќурчиевски вели дека во следните шест години АД ЕСМ во мерките кои ќе треба да се спроведат ќе вложи 300 милиони евра.

„ Со промената на раководството во АД ЕСМ и РЕК Битола во 2018 година веднаш ја реактивиравме постапката, започнавме преговори со ресорното Министерство за животна средина, го усогласивме оперативниот план во текот на 2019 година и ете денес има јавна расправа на која учествуваат сите релевантни институции и фактори и на чекор до добивање на споменатата дозвола“, рече Ќурчиевски.

-Подготвени сме да се справиме со предизвиците, во нашите финансиски проекции влезени се овие средства, сукцесивно се поделени по години. Започнуваме со постапката за објабување оглас за реконструкција на електростатските филтри, во текот на овој месец треба да започне. Реконструкцијата на филтрите сукцесивно ќе се довива 2020, 2021 и 2022 година. Од 2022 до 2023 треба да ја започнеме и постапката за добивање потројка за десулфуризација и целиот процес со двете најголеми ставки од оперативниотв план, да завршат конечно во 2026 година, рече Ќурчиевски.DOZVOLA

Беса Татеши, советник за индустриско згадување при Министерство за животна средина рече дека дозволата сега е во нацрт фаза и остануваат отворени за јавноста за сите забелешки и коментари.

На јавната расправа присуствуваа само неколку еколошки здруженија и еко активисти од Битола иако за производството во РЕК многу невалдини организации од цела држава се пофалиле со истражувања и забелешки. Немаше ни многумина битолчани иако на социјалните мрежи изразуваат голема загиженост.

Татеши беше прашана зошто за периодот од 2007 година до 2014 кога не биле преземани соодветни мерки не се изречени казни, таа одговори дека казни се предвидени дури откако ќе се издаде дозволата во случај да се прекине со понатамошното спроведување на потребните мерки.

Ж.ЗДРАВКОВСКА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани