АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ФОД ДООЕЛ Новаци во изминатите две години континуирано го поддржува спортот не само во Битола туку и во општините Новаци, Могила и Ресен . Покрај големиот број на изработени спортски реквизити, санација на спортски игралишта, спортски сали и опрема на истите како опшествено одговорна компанија која е дел од најголемиот производител на електрична енергија АД ЕСМ, Фабриката за опрема и делови ја искористи и можноста која ја дава Владата на РСМ и Агенцијата за млади и спорт за директна финансиска поддршка на спортот.
-Минатата 2019 година ФОД ДООЕЛ Новаци, АД ЕСМ дел од својата добивка ја инвестира во купување на спортски ваучери од ЖРК Пелистер и ФК Пелистер.
Преку откуп на спортски ваучер 750.000 денари доби Женскиот ракометен клуб Пелистер и 1.000.000 денари за фудбалскиот клуб Пелистер, велат од раководтсвото на ФОД ДООЕЛ Новаци.
И порачуваат дека и оваа година остануваат како компанија посветени на поддршка на спортот и младите во нашиот град, но и во регионот.