2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Каде исчезнаа цртежите на надарениот графичар Гастон, Евреин од Битола

Јануари 25, 2020

ЗА СОЛУНА, ЗА СТАМБОЛА, НЕА НЕ ДАВАМ (НЕДЕЛНА РУБРИКА) 

 

По повеќе од седум децении не се знае каде завршиле ликовните уметнички творби на Гастон Гамлиел (1919- 1940), талентиран млад Евреин кој извесен период од животот го минал во Битола и тука починал. 

За неговиот талент и бесповратното исчезнување на творбите на Гастон пишувал и битолскиот историчар Ѓорѓи Димовски -Цолев во неговите трудови за битолските Евреи. 

За Гастон, Цолев напишал дека со семејството дошол да живее во Битола во 1938 година. 

,,Младиот Гастон во новата средина, со своите 19 години и со нескриена силна сликарска творечка енергија, нашол извор на инспиративни мотиви за работа. Тој, едноставно, живеел само за уметноста. Цртал мотиви од Старата чаршија, трансформирајќи ги графички со витки и лесни линии. Ги сликал Турската бања, потпелистерски мотиви, како и жанр-сцените од секојдневието пред војната насловени како ,,На рогузина-за черга", ,,Одлично место за озборување", ,,Пазарџии" и друго. Гастон редовно ги портретирал неговите роднини и пријатели. Живеејќи претходно во Виена, можел да се запознае со модерното сликарство  и со социјалистичкиот реализам", запишал Цолев. 

Гастон оставил ретко убави цртежи  и еден хумористичен стрип. Сите овие творби, Гастон, есента 1940 година, ги прибрал во една папка  со желба по оздравувањето да продолжи со сликање. Но, се разболел од тифус и починал на 21 година. 

Папката со педесетина цртежи, графики и слики, како што напишал Цолев, таткото на Гастон пред депортацијата ја оставил кај сопственикот на станот каде што живееле и до денес не виделе бел свет. 

Сочувана е една негова графика наречена ,,Од битолското гето" објавена во книгата  на Жени Лебл ,,Плима и опаѓање", објавена во Горни Милановац во 1990 година. 

Во германските списоци од скопскиот привремен логор пред заминување во Треблинка , семејството  било запишано како Гамлид, а не Гамлиел. Се претпоставува дека во логорот починало семејството на уметникот. 

Ж. З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани