2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Силен ветер коси во Битола

Февруари 26, 2020

Битола вечерва е зафатена од силен ветер со брзина од 70 километри на час. Од Управата за хидрометеоролошки работи објавија предупредување од силен ветер. Според објавеното соопштение на УХМР, во западните делови повремено ќе достигнува брзина над 70 км/час и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, кои локално ќе бидат пообилни.

Поради силните удари на ветерот низ улиците има искршени гранки од дрвја и искинати кабли.

Во четврток и петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планинита ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см и ќе има појава на снежни наноси. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец, а дневната температура ќе биде пониска за околу 10 степени.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани