АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фотографии и видео со првиот снег на Пелистер годинава, на својот ФБ профил сподели битолчанецот Николче Чкламовски, кој по 149 пат денеска се искачи со велосипед на Антена. Во намера не го спречи ниту снегот.
Нeвремето во текот на ноќта со врнежи од дожд и силен ветер не предизвика поголеми штети во битолскиот регион. Од Центарот за упаравување со кризи во Битола, за Апла.мк изјавија дека кај нив, засега, нема пријави на штети, освен проблемите во снабдувањето со електрична енергија во битолските села Бач, Сливница и Скочивир.
Засилен ветер, со брзина над 70 киломери на час, во текот на попладнево, ќе донесе промена на времето и пад на температурите. Поради брз продор на студена воздушна маса, проследена со северен ветер, врнежите од дожд попладнево, ќе преминат во врнежи од снег во вечерните часови, особено во северните и западните подрачја.