АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За првпат амфитеатарот во античкиот локалитет Хераклеја ќе биде достапен за лицата со попреченост. Преку проектот „SMART-CUL-TUR“ финансиран од Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, ќе се постави лифт во Хераклеја со кој гостите кои не можат да се качат по скала, ќе можат да стигнат до амфитеатарот, каде пак се одржуваат едни од главните културни настани во Битола.
Проектот во износ од 704.590 евра, за кого договорите беа склучени денес во Битола, опфаќа и инфраструктурно уредување на пристапниот пат до античкиот локалитет Хераклеја кај Битола, пристапот до амфитеатарот, ќе се подобри состојбата со постечкиот музеј и ќе се изработи аудио водич.
„Во рамки на инфраструктурните зафати на Хераклеја ќе биде поставен и надворешен лифт, луѓето со поесбни потреби кои до сега не можеле да го погледаат локалитетот поради густината на поставени објекти сега ќе имаат можност да го погледнат не само од главниот видиковец туку и да присуствуваат на сите културни настани кои ќе бидат организирани на самиот локалитет. Состојбата со постоечката ограда, која не е сега во така завинда состојба ќе биде подобрена, како и состојбата со постоечкиот музеј, ќе биде изработен аудио водич на неколку јазици, во голема мера ќе се подобри самата состојба на локалитетот и туристите ќе имаат можност самоиницијативно да ги разгледуваат објектите и преку нивните смрт телефони да ја добијат соодветната информација“, рече Мери Стојановска, директор на битолскиот Завод и музеј.
Договорите за проектот беа денес потпишани од страна на Општините Битола, Пустец, Завод и музеј Битола, МКЦ-Битола и Директоратот за заштита на споменици од Корча.
„Токму ваквот регионален пристап на давање тутистичка понуда ги отвора вратите за развој на туризмот во Северна Македонија, Албанија и Грција. Ако ги отвориме нашите умови кон ваков начин да работиме, дефинитивно ќе станиме многу попривлечна туристичка дестинација“, рече градоначаничката на Битола Наташа Петровска.
За уредување на надворешниот дел на Хераклеја ќе бидат наменети 280 000 евра, а за уредувања внатре во локалитетот 180 000 евра. На албанска страна пак, ќе се реконструира музеј.
„Реконструкција на музеј кој ќе се посвети на нашиот писател Македонец Стерјо Спасе, а другиот дел ќе се опреми со традионални предмети со кои располагаме во Мала Преспа. Нашиот дел е околу 123 000 евра , средства од ЕУ. Овој прокет ќе биде важен за нашето подрачје и за привлекување на туристите“, рече градоначалникот на Пустец, Пали Колевски.
Партнтер во проектот е и Младинскиот културен центар од Битола.
„Ова е заначен настан бидејќи не се случува често да се потпишуваат вакви договори за проекти од прекугранична соработка, убеден сум дека секое евро од оваа донација ќе биде правилно искористено, а делот на МКЦ Битола кој се однесува на промоција на активностите, но и на збогатување на туристчката понуда што треба да ја донесе овој прокет, ќе се реализира максимкално и сигурен сум дека овој дел со збогатувањето на туристочката понуда ќе биде видлив и ќе ги даде посакуваните резултати“, рече Сашо Додовски од МКЦ-Битола.
Ж.З.