2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ШЕСТ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ ЗА РЕК БИТОЛА

Март 03, 2020

Рек Битола потпиша договор за набавка на 6 еколошки автобуси на природен гас за превоз на работниците. Јавната набавка ја доби фирмата ,,Аутомакедонија”, која ќе треба да ги испорача автобусите најдоцна за 8 месеци.

Автобусите ќе бидат од јапонскиот производител ,,ИСУЗУ”,и нивната вредност е 1,4 милиони евра.

 

,,Со ова, како компанија, ја покажуваме грижата за нашите вработени, затоа што автобусите кои сега се користат се стари и дотраени, а од друга страна има еколошка компонента и компонента на грижа за околината бидејќи ова се возила кои не загадуваат. Набавката на еколошки автобуси за превоз на работниците на РЕК Битола беше едно од ветувањата на оваа Влада и можам со задоволство да констатирам дека истото го реализираме, а во иднина ќе продолжиме со инвестирање во вакви еколошки возила, а можеби и во електрични возила”-рече генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски..

Директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски рече дека автобуси за комбинатот последен пат биле купени во 2014г. и тоа 10 половни автобуси.РЕК 2

,,Според направената анализа, со оглед на финансиските средства кои во изминативе години биле потрошени за превоз на работниците на РЕК Битола до нивните работни места, произлегува дека повратокот на инвестицијата би бил 3 години. Автобусите на природен гас имаат помала потрошувачка и цената на метанот е многу пониска во однос на дизелот.Исто така, треба да се напомене дека автобусите погонувани на метан, од досегашното искуство, се далеку поекономични во делот на одржување и редовно сервисирање, а истото се однесува и за трошоците за резервни делови”-рече Ќурчиевски.

Директорот на ,,Аутомакедонија” Зоран Дочински ја поздрави одлуката на АД ЕСМ да набави еколошки автобуси за РЕК Битола.

,,Како компанија ни претставува задоволство кога на пазарот има побарувачка за возила кои не загадуваат и кога потрошувачите одат кон поеколошки решенија за превоз и тој тренд кој се јавува веќе секаде во светот, па и кај нас, ние го поздравуваме и порачуваме дека како фирма сме подготвени да обезбедиме задоволување на потребите на нашите граѓани и на државните институции кои се определуваат за современи и еколошки одговорни опции за превоз”-рече Дочински.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани