Децата дома, пензионерите по улици, во банки и маркети

Март 17, 2020

Мерките и препоракие на Владата за превенција на евентуална зараза од корона вирусот  најмалку ги почитуваат повозрасните граѓани, кои не само што треба да бидат пример за сите, туку се и најризична категорија кога станува збор за ова заразно заболување.

Деновиве по препораките на надлежнети за избегнување масовни собири, затворање на сите кафулиња, ресторани, обложувалници, продвници, молови, гранични премини, аеродроми, градинки, училишта, освен аптеките и маркетите, надвор речиси и да нема детски џагор, парковите се празни. 
Но, по Широк Сокак,  по аптеките, на касите од маркетите и во редиците по банките, можат да се видат повозрасни граѓани и пензионери кои на овој начин се изложуваат на ризик, иако сите овие рестриктивни мерки најмногу се наменети на нив, затоа што смртноста кај заболените од коронавирус е најголема кај оваа категорија. 
 
И Министерството за здравство постојано апелира, „останете дома и не излегувајте без некоја поголема потреба“
 
По се изгледа децата се попослушни од возрасните во услови на пандемија која го тресе светот
Е.М.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани