2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

И БИТОЛА СИ ИМА ДИВИ ПЧЕЛИ, СЕ РОЈАТ ВО ГРАДСКИОТ СААТ (ВИДЕО)

Март 17, 2020
{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=ixaGdSiFWYc&t=7s&fbclid=IwAR3cmxi4gRwLMO-ND-xvGwthA8Q_cfk06RmyKmqBoLgDuB3W6F0NazZBCPc{/YouTube} Видео на Дејан Киревски

Битола е далеку од еколошките услови во село Бекирлија каде се снимаше Медена земја, но си има свои диви пчели. Тие пак, ни подалеку, ни поблиску, туку се населиле во центарот на градот, во Градскиот часовник, најзначајната знаменитост на Битола чија старост се проценува на три и пол века. Дека пчелите живеат во внатрешноста на Сааат кулата, поточно помеѓу камењата од кои е изграден овој културно-историски споменик, онака како што живеат во дивата природа, за Апла.мк тврди битолчанецот Дејан Киревски.пќели

Тој пред три недели сними и видео материјал за Битола, Широк Сокак, но главниот акцент го стави на Саат кулата и пчелите на неа. На видео материјалот се гледа рој пчели околу горните делови на Градскиот часовник.

„Знам дека живеат внатре, порано се занимавав со пчеларство. Случајно ги здогледав пчелите што влегуваат и излегуваат од Градскиот часовник и ме инспирираше тоа и затоа сакав да направам едно видео. Ретко некој да го знае дека во Градскиот часовник има и живее пчелно семејство. И ова не е ново, има веќе пет години. Еднаш плечите во рој имаа засатанато кај комплексот Шехерзада, потоа ги поврзав работите од каде имаат излезено и каде се имаат изроено. Си реков ова е сигурно од Градскиот Саат. Поминете слободно и загледајте се“, рече Киревски за Апла.мк.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани