АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И покрај апелите на надлежните министерства и училиштата младите да не се собираат во групи, тие денес беа распослани на пикнизи во битолската Касарна. Повеќе групи тинејџери го искористија убавото време да излезат од дома, па си се дружеа во природа, на ливадите во близина на Џепането и на месноста наречена Кај авионите. Ги затекнавме како слушаат музика на мобилни телефони, шетаат, јадат и се забавуваат. Ни рекоа дека ова е новото антикорона корзо во Битола. Повозрасните битолчани кои пешачеа коментираа дека е е лошо младите што излегуваат на сонце, но прошетките да се индивидуални, а не групни.
Во природа беа излезени и мајки со мали деца. Велат дека мора да ги извадат децата на чист воздух и сонце, но дека избегнуваат контакти со други лица. Под ридот беа паркирани околу дваесетина возила на шетачи низ ридовите. Некои се качуваа и во три и пол часот на пладне, да го фатат барем крајот од сончевиот ден.
Дознаваме дека уште едно сврталиште на младите по забраната за групни собирања, страна месноста Смолево. Таму деновиве од млади и повозрасни имало неколку стотици посетители.
Редакција Апла