2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Заболените крушевчани поврзани со кластерот „Плодност“

Април 05, 2020

Денеска во Крушево се регистрирани првите двајаца заболени од КОВИД-19. Станува збор за брачен пар, а едниот од нив е вработен во крушевската текстилна фабрика „Фалко“, поради што сите вработени од утре ќе одат во самоизолација, а оваа фабрика се затвора.

Инаку двајцата новозаболени од Крушево се во блиски роднински врски со лекарот гинеколог од Прилеп, вработен во битолската гинеколошко акушерска болница „Плодност“. Ова за апла.мк го потврди градоначалнникто на Крушево, Томе Христоски,

Тој на својот ФБ профил напиша

Во соработка со надлежните служби и институции во справување со вирусот ,,Ковид 19" се презедоа следните мерки во општината и градот Крушево:
1. Се постави пунктовско работење на влезовите од Крушево од страна на пол.службеници и патроли по населените места кои ќе преземаат соодветни мерки при поголеми собирања и непочитување за време на полицискиот час;
2. Фабриката за конфекција ,,Фалко" во Крушево од утре нема да работи, вработените ќе бидат во самоизолација;
3. Се преземаат мерки од страна на инспекциските служби и Центарот за Јавно Здравје од Прилеп за испитување, земање на брисеви на други граѓани кои биле во контакт со заболените;
4. Се забрануваат посети и собирања во групи од страна на граѓани кои вообичаено овој период во Крушево се групираат по куќни имендени.Им се укажува на сопствениците и славениците воедно да избегнуваат вакви собирања;
5. Сите граѓани кои имаат симптоми на покачена температура, кашлица, трески веднаш да пријават и се јават на матичните лекари, но и тие кои биле во контакт со потенцијално заразени или во контакт со лица кои дошле од странство.Да се избегнува самоволно самолекување со цел прикривање на настинка и вирус.Истите граѓани веднаш да пријават во Центарот за Јавно Здравје Прилеп.
Општината ги презема сите неопходни мерки во превенција на ,,Корона вирусот" како што е дезинфекција на институции под централно и локално ниво, влезови од згради, деловни објекти и ходници каде има поголема фреквенција на луѓе и каде има опасност заразата да се прошири.Исто така набавивме доволен број на заштитни визири, маски и ракавици со кои ги заштитуваме службите кои директно се изложени на ризик од инфицирање и заболување.
Штабот ќе биде свикан или ќе биде контактирано заради понатамошна координација по насоките и после преземените мерки што ги спроведуваат соодветните служби.
Нема место за политиканство и собирање на ситни политички поени на ниту една политичка партија или поединец, оставете ги службите непречено да си ги обавуваат нивните задачи, за тоа се обучени и платени.Единствено ќе помогнете ако ги почитувате.Ќе се избориме заедно и сложно!
Уште еднаш да потсетам дека граѓаните се должни да ги почитуваат препораките на Министерството за Здравство и одлуките на Владата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани