АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод Светскиот ден на книгата, Апла.мк ја запраша градоначалничката на Битола м-р Наташа Петровска која книга од прочитаните ѝ оставила најголем впечаток. Нејзиниот одговор е „Дервишот и смртта’’ од Меша Слимовиќ.
„Тоа е роман кој изобилува со размисли за животот. Живописно се доживуваат вербата, падовите, добрината, хистеријата на заблудената маса, непромисленоста, малограѓанството, лошотилокот, а сепак и надежта и љубовта. Таа е книга што може да послужи како извор на многу цитати кои го отсликуваат животот. Безвременски роман “, вели Петровска.