АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Не планирам предвремени избори во 2018 година, иако мнозинството во Собрание е тенко, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање како Владата ќе ги спроведува реформите и политиките со мнозинство кое се покажа дека е несигурно и при вчерашниот избор на јавен обвинител во Собранието на РМ.
-Тоа е здраво за Македонија, не ни требаат нови диктатори кои што апсолутно владеат во државата. Тенкото мнозинство беше потврдено и при формирање на Владата. Тоа мнозинство се држи од 61 до 65 пратеници, што зависи од нивната определба од точките на дневен ред, но и тоа е демократија. Јас сум растоварен од тоа, додека постои мнозинство ќе постои и Владата. Кога ќе нема мнозинство, политичарите, политичките партии се прегрупираат во ново мнозинство, а ко не се оформи, избори не ни бегаат. Она што е важно, за бизнисмените, за граѓаните да знаат, што јас како премиер, како лидер на најголемата политичка партија, не планирам во 2018 година да има избори, тоае година кога треба да одработиме, да почувствуваат граѓаните. Ние ветивме живот за сите, мораме економските параметри да ги подигнеме, затоа што со право тоа се очекувања на сите граѓани. 2019 е следниот период на избори, тоа се претеседателски избори, дотогаш треба сите посветено да работи, без оглед дали сме власт или опозициај, рече Заев при денешната посета на Прилеп, каде заедно со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, ги посетија откупните пунктови на Сокотаб во Кривогаштани и во Тутунскиот комбинат.
-Ова е убава година за тутунопроизводителите затоа што има добар квалитет на тутунот. Просечната цена што се постигнува при откупот е 209, 5 денари, заедно со субвенцијта што е обврска на Владата и во рокот ќе се исплати, се добива просек од 269 денари. Тоа се 4,4 евра, приходи што може да се рече дека се достоинсвени. Откупот се одвива организирано и контролирано. Разговаравме со земјодлеците, тенденцијата е секогаш да има уште подобри цени, но споредувајќи со минатото, трендот на покачување на цените е задоволителен. Ако се има предви дека во просек семејство работи 7 до 8 декари, тоа е приход од 5000 евра. Важно е Владата да отвори нови перспективи за Тутунскиот комбинат, ќе се отвори постапка за негова трајна трансформација, со што ќе се зголеми количината на откуп, но и количините на финален производ, рече премиерот Заев.
-