АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Штитениците на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола денеска се претставија со рецитаторски и музички точки, на предновогодишната забава на која присуствуваше и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска. Таа заедно со Дедо Мраз, со новогодишни пакетчиња и топла порака им посака најискрени желби на децата.
„Да бидам искрена се чувствувам магично. Човек да се наоѓа во толку убава атмосфера, во вака добар амбиент, навистина е привилегија. И кога размислувам вака, која е најголемата привилегија да се биде градоначалник, мислам токму на ваквите моменти. Драги мои дечиња, да сте ми здрави, живи, среќни, да ги слушате Вашите најблиски, Вашите претпоставени, вработените кои се грижат за Вас...И не заборавајте: Дедо Мраз постои! Тој е љубов, а таа е најважна во животот. Се најубаво во Новата година“, им посака градоначалничката Петровска, на штитениците во Заводот „Кочо Рацин“.