2win800x200

Уште еден новозаболен од КОВИД-19 во Битола, вкупната бројка е 23 заразени

Мај 10, 2020

Уште еден битолчанец денеска е на листата на новозаболени од КОВИД-19 во државата.

Вкупниот број на заразени во Битола заклучно со денес изнесува 23 лица, а над 230 се под здравствен надзор, односново самоизолација од 14 дена.

 
Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 19096 тестирања на КОВИД-19. 
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата во нашата земја  изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани