2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со разуздано однесување заразата влегува во фаза на забрзување, анализира универзитетскиот професор Дејан Трајковски

Мај 10, 2020

Од фаза на забавување, заразата влегува во фаза на забрзување. За 7 до 10 дена ќе се знае дали ќе има промени на долгорочниот надолен тренд на КОВИД-19, вели во математичко статистичките анализи, редовниот професор од Техничкиот факултет во Битола, д-р Дејан Трајковски. Според него, ова е резултат на несоодветното оденсување на дел од граѓанте за време на Првомајските празници.

-Разузданото однесување за Први мај и собирањата по викендици дојдоа на наплата деновиве: на графикот на дневната промена на Ковид-19 случаи забележуваме формирање на нов врв (зелената линија на првиот график). Зголемувањето на факторите на раст над единица (израмнетите количниците на геометриската прогресија на дневните случаи на вториот дијаграм) беше најраниот, водечки индикатор којшто уште пред неколку дена ни сигнализираше дека од фаза на забавување заразата повторно влегува во фаза на забрзување. Засега, тоа е само промена во краткорочниот тренд, додека долгорочниот надолен тренд сé уште останува ненарушен, иако е ослабен (црвената линија на првиот график). За 7-10 дена ќе видиме дали и долгорочниот тренд ќе се промени. И покрај мешаните сигнали, едно е сигурно - вратени сме временски најмалку еден месец наназад, а вкупната бројка од преку 2000 заразени е повторно на маса. Нашиот „прогрес индикатор“, којшто до пред неколку дена кажуваше дека според бројот на заразени изминавме 90% од епидемијата, сега е вратен на само 69%, пишува професорот Трајковски во својата анализа.

Според неговите анализи непочитувањето на мерките може да ни донесе втор бран на епидемијата следниот месец.

-Временски, работите стојат уште полошо. Наместо на крајот од мај да имавме дневно по 2-3 новоинфицирани, последните анализи покажуваат дека тоа нема да се случи пред 1 јули, а до ниво на спорадично заразување (помалку од еден нов случај на ден) можеби ќе влеземе и во август. Да не заборавиме дека струшката литија (заради временската константа на доцнење од 10-14 дена) сé уште не е факторизирана во овие пресметки. Штетата што една група неодговорни луѓе можат да ја направат на целата држава е несразмерно голема, па изгледа дека дојде време за воведување потврди мерки. Непочитувањето на мерките може да ни донесе втор бран на епидемијата уште во јуни, анализира професорот Трајковски..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани