2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Значајна донација за битолската Клиничка болница од АМД „Ѓорѓи Наумов“-Битола

Мај 25, 2020

АМД „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, со донација од 1 милион денари, техничка поддршка и медицинска опрема, помогна Клиничката болница во Битола да го адаптира Инфективното одделение и Одделот за пнеумовтизиологија за потребите на новонастанатата сосотојба со КОВИД-19. Од битолската Болница велат дека поддршката од АМД „Ѓорѓи Наумов“ е континуирана, но во овие моменти е од исклучително значење ако се има предвид дека располгаат со ограничени средства.,

„Пандемијата со КОВИД-19 уште на почетокот на април ја наметна потребата за зголемување на капацитетот и функционалноста на Инфективното одделние и Одделот за пнеумофтизиологија во ЈЗУ Клиничка болница-Битола. Новиот начин на работа и лекување на ваквите пациенти бараше санација, адаптација и опремување на просторот за да одговара на новонастанатите потреби. Имајќи го предвид ограничениот буџет на Клиничка болница, како и важноста целокупната работа да биде направена во најкраток временски период, раководството на АМД „Ѓорѓи Наумов“ Битола, искажа искрена желба да помогне што поуспешно да се справиме во надминувањето на вакавата сосотојба. Како фирма која секогаш знаела да даде поддршка на заедницата, посебно на нашата болница, донесе одлука за доделување на средства во износ од 1 милион денари наменети за санација на просторот, како и друга техничка поддршка, а исто така и купување на опрема. Раководството на Клиничка болница Битола им се заблагодарува за нивната несебична подршка во овие тешки времиња како за здравствените работници така и за целата заедница“, наведуваат од Клиничка болница-Битола.

 

bolnica1

bolnica2

bolnica3

bolnica4

bolnica5

bolnica6

Опрема што ја донираше АМД „Ѓорѓи Наумов“ -Битола.

1. 2 (два) BISTOS-BT770 Мултипараметарски пациент монитори BT 770

2. 10 KM-SPO2 Пулсоксиметар и 10 MED-SPO2 Пулсоксиметар - MySpO2

3. 10 Дозни автоматски - надзидни за двостепен приклучок на О2 со содветен стандард

4. 20 Назални маски за О2 за восрасни и деца,

5. 20 Целосни маски за О2 за возрасни и деца

6. 5 Регулатори за кислород и овлажнувач на воздух со флоуметар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани