2win800x200

Во Битола уште еден излекуван пациент, останаа само уште двајца болни

Јуни 04, 2020

Во Битола денес е регистриран уште еден излекуван пациент, а веќе 14 денови немаме новорегистрирани случаи со коронавирус, соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола.

 

Со ова активни болни во градот има само уште двајца од вкупно 28 од почетокот на заразата до денес , од кои имаше и два смртни случаи. 24 битолчани се излекуваа од КОВИД-19.

„Со цел да ја задржиме стабилната состојба во Битола и регионот, Ве молиме и понатаму да се придржувате кон мерките за заштита пред се одржување на физичка дистанца од најмалку 2 метри, носење на заштитна маска и одржување на лична хигиена.Сите сме одговорни за зачувување на нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Само со одговорно однесување на секој поединечно и безусловно почитување на мерките ќе ја добиеме битката со коронавирусот“, апелираа од ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола.

Ианку на ниво на држава во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 67
- Куманово 19
- Штип 16
- Прилеп 4
- Тетово 9
- Велес 2
- Гостивар 1
- Неготино 1
- Струмица 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
- Скопје 8
- Штип 3
- Прилеп 2
- Тетово 1
- Велес 1
- Битола 1.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани