2win800x200

ТИПОТ ЗАШТИТНАТА ОГРАДА ШТО СЕ ПОСТАВУВА НА ОБИКОЛНИЦА ВО БИТОЛА НАГРАДЕН ВО БРИСЕЛ ЗА ЗВУЧНА БАРИЕРА

Јуни 09, 2020

На обиколницата во Битола за првпат во земјава се поставува звучна бариера со високи еколошки перформанси и голем коефициент на апсорбција на звукот поради што ваквиот тип на заштита претходно бил награден и во Брисел. Современата ограда од бетонска маса со гумирано јадро е поставена на дел од патот, а градежните активности продолжуваат со интензитет. Денес увид извршија министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Котанов, кои соопштија дека работите на еден километар од обиколницата ќе бидат завршени за месеци и половина.суга 3

„Поставувањето на заштитната ограда ќе биде сериозно подобрување на безбедноста на сите возачи кои минуваат тука. Постанувањето на овие звучни бариери ќе ја намалат бучавата и и безбедност за битолачни кои живеат во овој дел“, рече министерот Сугарески.СУГА 2

(На увидот присуствуваа и кандидатите за пратеници на СДСМ во петата изборна единица Бисера Костадиновска Стојчевска и Горан Козаров

Оградата во која е врежан и симболот на Јавното претпријатие за патишта ќе минува и низ дивата ромска населба со што ќе се заголеми безбедноста на жителите.

„Кога пред две и пол години дојдов на работа како директор на ЈП за државни патишта околу две години обиколницата беше затворена поради свлечиште и сите возила мораа да вртат низ Битола, па ја саниравме работата, а сега поставуваме и звучните бариери. За првпат ваков тип на звучни бариери, кои се еколошки, висок коефициент на апсорпција на звукот, направени од бетонска маса со гумено јадро се поставуваа во земјава. Средишниот дел каде се куќите ќе биде во различен колорит, на две нивоа. Ваквата звучна бариера има добиено награда во Брисел како еден од најдобрите типови на звучни бариери со примена на еколошки материјали“, рече Китанов.

Заменик градоначалничката Емилија Костурска рече дека „ со оваа звучна бариера која се поставува за првпат од ваков најнов тип во земјава значи решавање на три проблеми на нашите граѓани“.

„Едниот, се работи за звучна бариера, потоа зголемување на сообраќајната безбедност и многу важно, зашто знаеме дека не така одамна тука имавме еколошки проблем, депонија, а Општина Битола преку Јавното претпријатие вработи работник кој постојано се грижи за хигиената на овој потег“, рече Костурска.

суга 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани