2win800x200

Нови покриви за двата објекти на долната гимназија „Таки Даскало“

Јуни 13, 2020

 

Со средства од Министерството за образование на Р.С.Македонија се реконструираат  покривите на двата објекти со кои располага долната гимназија „Таки Даскало“, а во истовреме  се врши и реконструкција на училишната спортска сала. Денеска увид на  реконструкцијата изврши заменик министерот за образование Елизабета Наумовска, заедно со градоначалничката Наташа Петровска. 

,,Го знаеме значењето на подобрување на условите во училиштата. Од тој аспект низ цела земја се преземаат активности за санации, поправки, па дури и изградба на нови училишни објекти. Една од тие е и оваа реконструкција чија вредност е над 260000 евра. И во Прилеп на  гимназијата ,,Мирче Ацев" се реконструира покривот, се градат спортски сали. Пред неколку денови бев и во Аеродром,  во населба Лисиче каде во неколку бараки во 21 век учат ученици во влажни простории, па таму комплетно се градат училишни објекти. Тоа значи дека во цела земја покрај спортски сали се градат и училишни објекти", рече Наумовска. 

Во изминатиот период во средното училиште ,,Таки Даскало" во Битола е инвестирано и опрема од 55 350 евра во опрема во градежно-геодетската и грифичката струка. 

Градоначалничката Наташа Петровска изјави дека евидентни се градежни активности во повеќе училипта низ градот.

,,Ова беше училиште кое во 2007 година од страна на тогашниот директор, сегашен заменик министер Елизабета Наумовска беше оставено како училиште со 93  000 евра на сопствена сметка плус 25 000 евра на наменска сметка за модернизација на образованието. Во така наследена состојба, новиот директор од ВМРО-ДПМНЕ кој тогаш дојде не само што се потроши таа сума туку со завршна сметка беа направени трошоци од минус 7000 евра што значи веќе училиштето почна да влегува во минус. За 10 години до 2017 година, училиштето имаше неплатени долгови од 930 000 евра. Од едно училиште со позитива на сметката влегло во огромен долг на неплатени сметки поради што беше со  блокирана сметка. Не само што ги одблокиравме училиштето туку со сегашните активности се покажува дека многу подомаќински се работи", рече Петровска.

Преку проектот на Светска банка опренени се и голем број средни стручни училишта и работилници каде учениците ќе можат да реализираат и практична настава. 

 10441

10389

103964392 574295746844089 7034411023324344049 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани