2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За да стигнат дома скокаат ѕид од еден метар

Јуни 13, 2020

Добиле куќа во наследство, решиле да ги си го оградат дворот , па подигнале ѕид среде улица, така 11 куќи , односно семејства не можат да си одат дома тврдат за Апла.мк засегнати жители. Ова се случува во Битола на пресекот од улиците „Милтон Манаки“ 43 и „Пецо Божиновски“ 188, односно од броевите  166 до 190 последната куќа. Оградата се поставува како на своевидна Т крстосница, од кои едната е слепа уличка.

Апла.мк ги контактираше сопствениците на имотот  тие велат дека имаат комплетна документација, тоа е нивни двор по ДУП и имаа добиено градежна дозвола за да ја градат оградата која зафаќа дел од улицата, но ништо повеќе од ова не сакаа да кажат. 

103nсссс

Жителите од околните куќи се жалат дека наследниците на куќата пред три дена  подигнале ограда  на дел од улицата и им оставиле на околните жители нешто помалку од еден метар за поминување. Се жалат дека во таа состојба не ќе можат да си одат дома ,а и автомобилите им останале заробени во гаражите па сега не можат да ги извадат.

83216025 610235229628735 7935377881721015061 n

104155525 2684456795106389 4590402239305212208 n

Жителите револтирани за да ја преминат улицата рипаат преку оградата која засега е над 1 метар.

-Ова ни беше улица шеесет години а сега наследникот на куќата, зетот ,си подигна ѕид на 10 јуни. Ние не можеме да си одиме во куќите, ни да ги извадиме возилата од гаражите, а плус од оваа улица минуваат и многу битолчани на пат кон Болницата, се жали Зоре Чавдаровска, сопственичка на куќа на улицата „Пецо Божиновски“.

103988442 1284179321779839 4335631139260363276 n

Подигната ограда е на место за кое новиот сопственик им тврдел на соседите дека е негов имот, но тие велат дека ,  за отстапувањето на овој простор, општината своевремено му компензирала општинско место зад куќата,  за да ја остави улицата слободна.

-Нема ни метро што ни остава за минување од улицата, кај ќе поминуваме ние, каде кола да извадиме, а не дај Боже  да треба да влезе пожарната или брза помош. Ова од секогаш било пат , вели Чавдаровска.  

Проблемот со заградувањето на улицата почнал уште минатата година, но новиот сопственик тогаш бил спречен од општинската градежна инспекција, за сега преку ноќ да го гради ѕидот, велат соседите.

-Јас сум 42 години жител на улицата „Милтон Манаки“ со планска куќа, прашуваме дали има урбанистички план за овде, зошто како што знам договорот беше овој пат да остане за луѓето да се служат, да биде улица. Општината ги легализира дивоградбите и на луѓето им треба пристап, вели Цане Мреношки, сосед.  

Кире Дамчевски емотивно раскажува дека пораснал во ова маало, а сега со својот автомобил не може  да си оди дома.

-Не се случило во овие 63 години, ваква работа  првиот сопственик беше разбран човек, а сега се гради ограда, кај ќе поминеме ние. Имал одобрени, па и да имал, тој што му дал одобрение треба да одговара, вели Дамчевски.

Соседите досега воопшто немале расправии меѓу себе и како што велат си живее и соработуваат сложно , па и овој пат велат дека нема насила да го турнат ѕидот туку ќе бараат од општината да ја реши ситуацијата според закон и според урбанистичкиот план.

-Ќе поднесеме барање до ОЈО и до Државен правобранител и ќе бараме проблемот да се реши, зошто секој од нас има право на слободен пристап до неговиот дом за нормално живеење, вели Чавдаровска.

ццццца23

10412 nззз

10405469 nзз

10340 n

104432264 2463615667074649 8933216640909532309 n 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани