2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолчани ќе свртат и изедат 40 000 мазници

Јануари 13, 2018

Се претпоставува дека околу 40.000 мазници ќе се исукаат и изедат вечерва и утре во Битола, по повод верскиот празник Василица. Битолчани на овој ден имаат обичај да го вртат мазникот и веруваат дека на тој што ќе му падне парето ќе го следи среќа цела година.

 

Може да се каже дека Василица во Битола се слави исто како и Нова година. Прославите почнуваат три дена пред празникот и завршуваат два дена по него. Пред Василица во битолските кафани се собираат вработени од фирмите и вртат мазник со пара. Некои адетот го прават на работните места, но речиси никој не го испушта. Ноќта пред Василица, по кафеаните се собираат пријателите, а на денот на празникот сите вртат по дома мазник. Оние кои поради различни причини не ќе стигнат, парето го бараат ден до два по Василица.

Ова е обичај кој ги сплотува сите битолчани, па во традиционалнито вртење мазник неретко на работните места, со пријателите, соседите вртат и Роми, Албанци, Турци.

„Да не ве чуди бројката од 40.000 мазници. Сметајте дека во градот имаме 20.000 христијански семејства. За секое по еден мазник. Уште 10.000 за по фирми, институции, некаде и секоја служба или канцеларија по еден мазник, како што е во болницата, РЕК, па кога ќе се додадат друштвата, толкав е бројот“, велат битолските пекари.

По седенките до доцна во ноќта спроти Василица, битолчани ќе можат да здивнат зашто утре е неработен ден. Во годините кога Василица паѓаше сред недела, јавна тајна е дека отсуствата на работните места беа најголеми. Битолчани на шега велат дека ќе побараат Василица во градот да се прогласи за неработен ден.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани