2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

За Василица битолчани вртат и до 40 илјади мазници, ама ретко кој прави домашен сукан

Јануари 13, 2024

Како и секоја година, битолчани совреме ги почнаа подготовките за прослава на православната Нова година и празникот Св Василиј Велики познат како Василица, што традиционално во Битола се одбележува со сукан мазник во кој сите ја бараат паричката.

Современите битолски домаќинки во последните години ги избегнуваат домашните собирања, па битолчани се повеќе ја напуштаат традицијата, а мазник се врти организирано во рестораните. Исто така, веќе ретко може да се проба домашен сукан мазник, а битолските пекари не можат да престигнат да ги испорачаат сите нарачки и се претпоставува дека за празникот се продаваат околу 40 илјади мазници.

Битолчани за овој празник имаат поголеми подготовки и го доживуваат со поголема радост отколку Нова година, а рестораните се резервираат и еден месец порано.

Василица во Битола се слави три дена пред и три дена по 14 Јануари, кога мазник се врти во секое домаќинство, на работните места, а претходните денови овој адет се прави меѓу друштвата, колегите. Но и по празникот по битолските кафеани ќе сретнете друштва кои со задоцнување вртат паричка и го прават адетот.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани