2win800x200

Во Битола нема гласање со бугарски воз, децидни се од ОИК

Јули 15, 2020
Во Битола нема гласање наречено бугарски воз, изјави за Апла.мк, претседателката на ОИК Весна Томовска. Таа објаснува дека на избирачко место 102 во ОУ „Елпида Караманди“ поНиштено е едно гласачко ливче, Зашто жената која гласала во гласачката кутија ставила обично ливче кое го донела од дома, а гласачкото го оставила зад параванот. „Се работи за гласач на кого му беше дадено гласачко ливче да гласа зад параванот. Потоа, се утврди дека кај параванот испадна гласачкото ливче што му беше дадено, а таа во кутијата стави обично ливче што си го донесе со неа. Избирачкиот одбор го евидентираше ова, се поништи гласачкото ливче, се заведе во записникот и увид изврши полицијата“, рече Томовска. Гласањето на ова избирачко место продолжи без проблеми. И од СВР Битола рекоа дека ваков случај кај нив не е пријавен .
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани