27-годишно момче од Битола почина на Инфективната клиника во Скопје, потврдија од Министерство

Август 01, 2020

27 годишно момче од Битола  почина од коронавирус на Инфективната клиника во Скопје. Таму било префрлено ма 27 јули откако му се влошила состојбата, а претходно се лекувало на Клиничката болница во Битола. 

 Момчето како дете имало малигно заболување, но се излекувало од него, а осатанале тешки имунолошки оштетувања, велат од Министерството за здравство за Апла.мк 

 

"Починатиот пациент 27 годишно момче, хоспитализиран е на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од 27 јули. Пациентот како дете бил лекуван од малигна болест на крвта во ремисија десетина години. Станува збор за акутна миелоидна леукемија, болест која и после долгогодишна ремисија остава тешки имунолошки оштетувања кои се причина за ваква тешка ковид болест“, стои во соопштението на Министерството .

Момчето работеше во познат кафе бар во Битола, кој по појавата на симптомите кај него, времено го затвори објектот. 

Ова е четврта жртва на ковид-19 од Битола. 

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани