2win800x200

Со експлозија како во Бејрут, Битола би била срамнета со земја во радиус од 1 км. -симулација на професорот Трајковски

Август 10, 2020

 

Во радиус од 1 км од центарот на експлозијата Битола би била срамнета со земјата, а во радиус од 3 км би имало големи оштетувања, доколку би се случила експлозија како онаа во Бејрут, ова го покажува  симулацијата  на универзитетскиот професор д-р  Дејан Трајковски кој користеше резултати од нумеричката симулација на противпожарната единица на градот Загреб, пресликани на Битола, како и податоци од лондонски „Индипендент“.

Еве какви последици врз Битола и околината би оставила експлозија како онаа во Бејрут.


Кога до експлозија со толкави размери (2.700 t амониум нитрат, популарното ѓубриво „тарана“) би дошло кај Градскиот саат ("Ground Zero") тогаш:
1.) Со веројатност од 99% би загинале од критично оштетување на органите за дишење сите коишто би се нашле во радиус од 200 m од Граунд зироу (црвениот круг). Притисокот од експлозијата во тој круг би изнесувал 295 kPa.
2.) Во радиус од 300 m (розовиот круг на првата слика), со веројатност од 100% на сите би им испукале ушните тапанчиња и околу 50% би загинале од оштетувања на органите за дишење (притисок од 202 kPa).
3.) Во радиус од 450 m (зеленкастиот круг), веројатноста за смртен исход од оштетување на органите за дишење е 1% (притисок 75 kPa). Органите за дишење би претрпеле оштетувања. Многу луѓе бу загинале од урнатини.
4.) Во радиус од 650 m (синиот круг) можни се оштетувања на ушните тапанчиња (34 kPa). Ударот од ветерот од експлозијата би имал брзина од 250 до 270 km/h.
Во радиус од 2 km е можна привремена загуба на слухот.
Повеќето објекти во радиус од 1 km би биле срамнети со земјата, а во радиус од 3 km оштетувањата би биле големи - практично цела Битола, вклучувајќи ја и Нова Битола и Кравари (црвениот и жолтиот круг на втората слика).
Во радиус од 5 km би биле урнати многу ѕидови, многу врати и прозорци би биле откорнати, а многу коли би биле превртени.
Во радиус од 10 km, до Магарево, Драгожани, Могила, Новаци и Жабени, би имало искршени прозорци.
Експлозијата би се чула во радиус од 235 км, сé до Подгорица, Лесковац, Софија, Драма, трите краци на Халкидики, Волос, Превеза и островот Крф, низ цела Албанија, безмалку до Отранто во Италија.
Експлозијата би ослободила енергија како земјотрес со магнитуда од 3,3 според скалата на Рихтер, пишува професорот Трајковски.

117542502 849201775608342 3825789428956938774 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани