2win800x200

Груевски-Над 300 битолчани аплицираа за субвенции за велосипед, се размислува за втор повик

Август 14, 2020

Повеќе од 300 граѓани на општина Битола  аплицирале за добивање субвенции за купување на велосипед, парите кои ги издвои општина Битола за таа намена, во износ од еден милион денари, нема да бидат доволни за секој апликант, па сериозно се размислува за втор повик. 

Според претседателот на Советот на Општина Битола Валентин Груевски повикот заврши, а наредната недела ќе биде разгледувањето на апликациите.

-Имаме над 300 пријавени , интересот ги надмина сите очекувања, сериозно се размислува за втор повик, кој би бил објавен веднаш по разгледувањето на апликациите од првиот.На овој повик ќе се доделат 1 милион денари, а најверојатно и вториот ќе биде со ист износ, изјави за Апла.мк  Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.

Општина Битола, објави јавен повик  со цел да ги стимулира граѓаните за користење на превозни средства кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средствата, за велосипеди купени од денот на објавување на овој јавен повик, (28 јули) се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена.  Средствата што ќе ги надоместува општина Битола се во вредност од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 (пет илјади) денари.Повикот траеше  до 11.08.2020 година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани