АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советот не може да ја реализира иницијативата на Поинаку за Битола да добие субвенционирана цена на струјата зашто за тоа треба да се соберат потписи и да се достави закон до Собранието. Советот не може да собира потписи, туку тоа треба да го направат граѓаните, според тоа иницијативата не е заснована на ниеден закон, беше образоложението на претседателот на Советот, Валентин Груевски, во врска со иницијативата на Поинаку поднесена на седницата во вторникот за која советничкото мнозинство гласаше воздржано.
Според Груевски, истата иницијатива со неколку точки плус, била поднесена од истите советници во декември 2018 година, кога заклучокот го изгласале едногласно сите советници, а барањето го испратиле и до Влада. Од таму било препратено до Министерствата за животна средина, економија, финансии и локална самоуправа. Уште тогаш добиле одговор од Министерството за финансии дека тоа не е во нивна надлежност, а од локална самоуправа дека во нивна ингернеција е дел од парите за фосилните горива да ги препраќаат на буџетската сметка на Битола.
„Лага е дека некој од советниците не ги добил тие одговори. Со мој допис тие без доставени до сите советници уште во 2019 година до нивните мејлови. Пак, по некое политичко калкулирање се пушта истата иницијатива со две или три точки, плус или минус, во кој дури и се употребува името на ЕЛЕМ кое сега е ЕСМ. Но, тоа е останато и само се препраќа, за да добиеме еден- два најмногу три дена слава по одредени медиуми. Праламентарите избори завршија и добре дојдовте во кампањата за локалните избори. Да престанеме со популистичките дневно политикански или локално романтичарски игри“, рече Груевски.
Советничката од „Поинаку“, Габриела Илиевска рече дека ѝ се смачи да слуша изјави од типот ние како битолчани прифајќаме, ама нема законска основа. Па, праша кој закон забранува Општина Битола да донесе и еден ваков заклучок на Совет и дали има закон кој дозволува општина да може да биде труена од фабрика?
По ова му се обрати на Груевски: „Од еден советник кој 10 години се шлепа на СДСМ за да добие функција не очекував ништо покреативно да кажи од оваа говорница зашто ако не беше СДСМ немаше да биде советник зашто со години немате излезено како партија сами на избори“, рече Илиевска.
Груевски ѝ возврати дека тоа не е точно и дека таа се шлепаше на СДСМ за да стигне до Советот.
„Ќе се потрудам колку што можам да го зачувам дигнитетот на Советот и два пати помалку од вас да навредувам, а трипати повеќе да зборувам вистина. Јас првпат станав советник како член на ЛДП од посебна советничка листа. Вие се шлепавте на СДСМ за да дојдете во советот, кога дојдовте првпат во Советот бевте член на заедничката листа на коалицијата на кандидатот за градоначалник Менде Диневски, заедно со Снежана Стоилова како претставници на ВМРО Народна“, рече Груевски.
Тој додаде дека не е точно она што се пласира во јавноста оти во Птолемаида , Грција, каде исто се произведува струја од лигнит, имаат повластена цена за електричната енергија. Тоа рече дека било пред 15 години и се однесувало само на вработените во компанијата.