Битолчанец на 27 годишна возраст, загина ноќеска во тешка сообраќајна нрсреќа која се случи при судар на три возила со битолска, охридска и прилепска регистерска табличка на патот Охрид- Св. Наум. Четири лица се здобиле со повреди во оваа несреќа.
Според МВР, на 16.08.2020 година во 01,40 часот, на регионалниот пат Охрид - Св.Наум, на крстосницата за комплексот „Инекс“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките возила: „цитроен Ц3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.К.(27) од Битола, „голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(23), од охридското село Лескоец и „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од прилепското село Мало Коњаре. Од здобиените тешки телесни повреди, И.К. во болницата „Св.Еразмо“ им подлегнал на повредите.
Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во истото возило: М.С.(27) од Битола и И.М.(23) од Струга, констатирани во Општа болница Охрид, каде биле пренесени, и уште едно лице од Битола, кое е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Сопатничката во истото возило Д.Р.(25) од Скопје, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“.
Во истата болница за укажување на лекарска помош е пренесена и Б.Р.(23) од Охрид, сопатник во возилото „голф“, додека по укажаната лекарска помош, на домашно лекување се пуштени возачот на „голф“ А.А. и сопатникот Б.К.(24) од Охрид. На местото на незгодата увид извршија Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.