2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Издржав за да си го видам детето, вели пациентка од Ресен излекувана во Битолската болница

Август 15, 2020

„Најмногу од сѐ сакав да си го видам детето, затоа и издржав", сведочи 52 годишната Дијана од Царев Двор во Ресен која успеа со лекување во Битолската болница да го победи коронавирусот. Нејзинотото кажување како ја преживеа болеста го објави министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил. 

,,Имав многу тешко лекување од коронавирусот - 24 дена траеше целото лекување, прво во охридската болница, а потоа ме префрлија во битолската. Бев на кислород цело време, не можев да дишам. И по двата контролни негативни теста останав да лежам во болницата во Битола во делот за пнеумофтизиологија, бидејќи имав сѐ уште болки, пневмонија, диареја. И покрај тоа што на лекарите и сестрите им беше тешко сигурно поради тоа што имаше многу пациенти, тие сите убаво се однесуваа со нас, со максимална посветеност и грижа" , изјави Дијана (52), излекувана пациентка од ковид-19 од село Царев Двор.

Таа е само една од ресенските пациенти кои се излекуваа во Клиничката болница во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани