АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Четиринаесет прочистувачи за воздух донираа фирмите „Бимилк“ „Симпекс“ и „Кромберг и Шуберт“ во битолските детски градинки „Естреа Овадија Мара“ и „Мајски цвет“. На донацијата присуствуваше и битолската градоначалничка Наташа Петровска која изјави дека фимите на ваков начин ја покажуваат општествената одговорност и нивната грижа за најмалите поколенија во градот.
„Се радувам што имаме стопанственици кои знаат што е суштината на општествената одговорност и ја искажуваат кај најостеливата категорија, нашите деца. Со ова покажуваме дека не само формално пристапуваме кон она што значи- децата се наша иднина, туку навлегуваме во суштината на тој пристап. Ова значи дека локалната самоуправа треба да чувствува уште поголема одговнорност за создавање на благопријатна клима во општината, па тие стопанственици развивајќи го својот бизнис можат да овозможат и вакви донаторски активности“, рече Петровска.
Директорката на градинката „Естреја Овадија Мара“, Лидија Тфирст Митревска, изјави дека прочистувачите за воздух ќе бидат наменети за јаслите во градинките, а очекува за кратко време со такви уреди да се снабдат и другите простории.
Вработените во градинките и родителите апелираа кон акцијата да се приклучат и други хумани луѓе и фирми.
„Јас во оваа иницијатива сум од сам почеток и апелирам да се вклучат и други во акцијата зашто се набавени 14 прочистувачи на воздух, а ние на територијата на општина Битола имаме 67 занимални во детските градинки“, рече Петра Попристова, родител и еколог.
Солената соба „Солина“ донираше ваучери за децата.