2win800x200

ЉУБОВ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА ПРЕТСТАВЕНА НИЗ ФОТОГРАФИИТЕ НА БИТОЛЧАНИ

Август 21, 2020

 

Битолчани преку фото објективите ја насликаа љубовта во услови на коронавирус во Битола. Ангела Митковска улови момент на љубов и музика на Широк Сокак и ја понесе првата награда на осмата традиционална фото- изложбата ,,Со љубов за Битола" во организација на Центарот за европски развој и интеграција во Битола. 

 
,,Фотографијата е направена на Широк Сокак сосема случајно. На неа има љубов во време на корона зашто има свирач од една страна и маж и жена од друга кои се држат за рака и носат маски", вели  Митковска.
 
 
Втората награда ја доби Александар Буневски за фотографијата на која во преден план се вљубени, а во позадина кометата Неовајс, симбол на ова специфично лето. 
 
Фотографот  Димитар Стиснијовски направи фотографија од вљубени на Големо Езеро на Пелистер и ја наслови ,,1642 метри над Широк Сокак". Стефан Божинов фотографираше младенци штотуку стапени во брак со маски. Перица Поповски во фотографијата ,,Пери- носи"заштитни маски како се сушат на 13 кат, а во позадина се гледа Битола. 
 
,,Оваа манифестација е простор за овие млади луѓе да имаат каде да ги претстават своите фотографии. Ова е можност за секој оној кој можеби не е професионален фотограф, а ја сака фотографијата да се изрази себеси", рече организаторот Диоген Хаџи-Коста Милевски, претседател на ЦЕРИ. 
 
На конкурсот пристигнаа сто фотографии, а стручното жири селектираше 25 од 23 автори. 
 
,,Кога ја договаравме изложбата знаев дека треба да ја поврзиме со оваа наша реалност. Тогаш на мојата масичка беше книгата 'Љубов во време на колера' и така се роди темата 'Љубов во време на корона' зашто љубовта е двигател која ги води оние кои ги создадоа делата што ќе зборуваат за оваа реалноат кога таа ќе е само спомен", рече Маја Андоновска Илијовски директор на Центарот за култура од Битола, поддржувач на манифестацијата. 

 

118287223 305622794112183 7537038440914898885 n

 

118403895 323661092170005 2063780242683950808 n

 

118317995 398805781084394 2118266511293924250 n

 

118308918 337013410991864 2454852218261042226 n

 

118281930 721525832037717 7540383222080203213 n

 

118266411 2588011021513669 1519399258110861289 n

 

117907010 678786219648517 8912845365637953070 n

 
118211998 2407871472851811 664483712639303591 n
 
118226618 1194395224248282 1911861978405697920 n
 
118139369 906379223184272 1736681204142922112 n
 
118227013 322516942276579 4992433014507255005 n
 
118236674 1025550547902575 8107889633141175421 n
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани