„БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД“ СТИМУЛ ЗА МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКА СЦЕНА

Септември 03, 2020

Култниот Младински културен фестивал„Битола отворен град“ кој од секогаш претставувал мегдан за презентација на различни култури, годинава поради пандемијата со ковид-19 музичката сцена ја резервира за македонски музичари. На 19 издание на „Битола отворен град“ кое ќе трае од денес до сабота, утре вечер во 21 часот на античкиот локалитет Хераклеја ќе настапат бендовите „Pluto’s Doubts“,„Фолтин“ и „Суперхикс“. Во сабота во Пазио од 21 часот закажани се концерти на „Вел“, а Mooger Fooger заедно со Горан Трајковски ќе го презентираат најновиот албум за кој критичарите велат дека претставува аголен камен на новата македонска рок сцена.

„ Беше предизвик во вакви околности да се организира ова издание. Концертите ќе се одржат по сите протоколи за заштита од ковид-19. Билетите се беплатни, но со онлајн регистрација зашто бројот на присутни ќе биде ограничен поради пандемијата и мерките за заштита“, рече Сашо Додовски, директор на МКЦ кој го организира фестивалот.

„Битола отворен град“ започна денес со изложбата „Coolest dead people“ (Најкул мртви луѓе) на графичкиот дизајнер и илустратор Кристина Карапеоска.IZLOZBA 2

„Изложбата е визуелизација на помалку познати факти на многу значајни ликови од историјата, па до денес, како што се Чарлс Буковски, Чарли Чаплин, Елвис Присли и други. Вечерва во Магаза ќе се одржи промоција на монографијата „Македонска дискографија-винили(1958- 2019)“ прв том на Тошо Филиповски кој ја има напишано и првата „Македонска рок енциклопедија“. Потоа, вечерта продолжува со диџеј Чико„, рече Маја Ангеловска од МКЦ.IZLOZBA

Инаку, фестивалот започна од 2002 година, а во изминатите 18 изданија организирани беа над 200 културни настани со учество на повеќе од 500 млади уметници од над 40 земји во светот.

„Интеркултурната соработка е белегот на фестивалот, но во услови на пандемија, карантини, изолација моравме да направиме еден напор за саморефлексија. Ќе се фокусираме на македонските уметници, музичари, да им дадеме поддршка, да ја промовираме македонската уметност и музика , а мегдан за другиоте култури се надевам дека ќе имаме на јубилејното идно фестивалско издание следната година„, рече Златко Талески, извршен директор на МКЦ-Битола.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани