2win800x200

Од „Наташа од трето три“ до „Валерија“- животот на Бојс во битолски „Незаборав“

Септември 07, 2020

Големиот македонски музчар Драган Каранфиловски- Бојс кој детството, младоста и музичките почетоци ги имаше во Битола веќе пет години не е меѓу нас. Но, евергрин хитовите кои тој ги напишал ќе останат да се пеат за на век. Меѓу нив „Валерија“ „Јануарска ноќ“, „Опасно сум вљубен во тебе“, „Хелоу-хелоу“, „Бај-бај“, „Плати една дупла и марш да те нема“, „Ајде лулај ме нежно“, „Бели нарциси“...Тешко е сите да се набројат, а не пак да им се напишат насловите. Ги има преку 400 песни, од кои дури 250 се заштитени.

Промоција на филмот за Бојс овој вторник во 19,15 часот на ТВ Тераслика

Токму на неговиот живот и творештво е посветено десетото издание на музичката манифестација„Незаборав“, чија автор и продуцент е битолчанецот Панде Димитровски. Преку овој настан една деценија се негуваат спомените за музичките легенди на Битола, а годинава поради пандемијата со ковид-19 наместо музички настапи, снимен е видео материјал од 41 минута кој утре во 19,15 часот ќе биде прикажан на ТВ Тера. Режисер е Миле Гроздановски, а сценарист и наратор Силвана Петровска -Насух.

Според видео материјалот, првите музички аранжмани на овој голем рок музичар настанаале во седумдесетите години од минатиот век токму во визбата на битолскиот тапанр Тити од бендот „Македонија“.. Потоа, кариерата ја продолжил во култниот битолски бенд „Мадригали“ како соло гитарист заедно со Благој Тасевски соло гитара, Миле Шерденковски бас гитара, Цане Николовски вокал и флејта и Тоше Ѓоргиевски тапани.

Златните времиња на „Мадригали“мадругали со бојс5

Преку песните во „Мадригали“ ја изнеувал својата импресија за градот каде што живеел, па со бендот пееле „Битола е град за тој што е млад’’ или „Еј, ти девојко мала, сакаш ли да се возиме со пајтон?“ Така, се родиле едни од најпознатите македонски рок песни „Здраво млади“, „Македонски рок“, „Скопски блуз“, „Плати една дупла и марш да те нема“ и ред други.

Во 1977 година победиле на Гитаријадата во Зајачар каде ја освоиле публиката не само со музиката, туку и со нивните фризири, па по весниците пишувало по музичкиот талент и косата како една мајка да ги родила. 

„Во видео материјалот се обидвме да офатиме податоци за негова личност како музичар, автор, творец, гитарист. Се работи за личност која ја започна кариерата во Битола како сологитарист во „Макаедонија“, подоцна во „Мадригали“, па „Буба Мара“, „Трн во око“, за да продолжи солистичка кариера како пејач, а е познат по тоа што е комплетен автор на повеќе песни и како пејач и како композитор“, рече Панде Димитровски, продуцент и автор на „Незаборав“.

Бил дел и од бендот „Буба Мара“, а незаборавните синглови „Бај- бај“, „Хелоу- хелоу“, двете песни авторско дело на Каранфиловски кои прекрасно звучат во изведба на перпознатливиот глас на Љупчо Спасеновски. Подоцна ќе ги компонира и сам ќе ги отпее и песните „Опасно сум вљубен во тебе“, „Валерија“, „Бели нарциси“ и други, а ќе ги напише и бесмртните хитови „Јануарска ноќ“ во изведба на Зафир Хаџиманов, „Моја латина“ на Дарио и „Миг 21“, „Една игра јас и ти“, на Даниел Поповиќ, „Искро моја“ на Игор Џамбазов и други. Да не се заборави ни неговата автобиографска песна „Матурска вечера“ во која споделува дел од својата младешка љубов, па дури и детскиот сингл„Марија на Бундеви“ се смета дека е иснпириран од вистинска случка. Ова уште еднаш докажува дека Битола дишеше низ неговите творби.ДЕНЕС ВИДЕО МАТЕРИЈАЛОТ БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ПРЕД НОВИНАРИТЕ

„Си-до“ со алабојс хитови 

Запаметен ќе остане во детската популарна музика и фестивалот„Си до“ каде ги создал хитовите кои до ден денес ги знае и старо и мало, и тоа „Наташа од трето три“, „Ало амбуланта“, „Зоки ме моли да се возиме“, „Прва љубов“, „Слатка е Марија на Бундеви„, „Боби баш ми е гајле“... Во 1991 година на овој детски фестивал учествувала и неговата ќерка која ја отпеала песната „Ало амбуланта“, но целото внимание го привлекол хитот„Наташа од трето три“, напишана од Бојс, а во изведба на Леонид Ристев.

„Оставил посебен белег во целокупната музика во Битола, а особено во детската популарна музика и почетоците на десткиот фестивал Си-до. Најголемиоте хитови негови се испеани во Битола. Слоганот на фестивалот беше ‘Битола со Си-до во Европа и светот’, а Бојс со својата музика ја однесе Битола на светската музичка мапа“, рече Димитровски.

Сценаристката и нараторот Силвана Петровска Насух рече дека „преку песните на Бојс љубевеме , тагувавме, ја сакавме неговата ‘Валерија’, ‘Наташа од трето три’ вртеше долги години. Го сакавме како битолчанец, а се вивна високо во ѕвезденото небо и остана таму меѓу ѕвездите. Посебно ме трогна кога наградата за живото дело ја додели на доктор Ѓоргиевски на Клиниката за хематологија за кој рече дека му вдахнал 5 години живот“.

„Незаборав“ поддржан од Општина Битола 

Манифестацијата е поддржана со средства на Општина Битола.

„Аманетот е дека во оваа насока мора да продолжиме зашто оваа манифестација ги чува трагите за бележите кои луѓето ги направиле во својот живот, а и нам ни овозможува да дадеме свој придонес во подигнување на овие вредности, по кои се разликуваме и сме специфични “, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани