АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нема крај на вандализмот и деструктивното однесува на поединци во Битола. И денеска вандали ја уништиле таблата во алејата на добитниците на наградата за животно дело „4 Ноември“ на Општина Битола во Градскиот парк. Таблата е искршена во мермерниот дел, а натписот е откорнат од металниот постамент и тоа повеќе од половината.
И во февруари година вандали ги уништија сите три табли во алејата на кои со имињата на наградените Виолета Томовска и Благоја Стефановски-Баге. Во оваа алеја Општина Битола од пред две години заедно со добитниците на наградите за животно дело сади симболично „дрво на животот“.
По уништувањето во февруари, општината ги замени со нови, за сега повторно да биде нанесена истата штета.