Webp.net gifmaker

Општина Битола го објави јавниот повик за субвенционирање на клими, аплицирањето почнува во петок

Септември 16, 2020

 

Општина Битола  го објави Јавниот повик  за субвенционирање на домаќинствата во Општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди https://www.bitola.gov.mk/

Начин на пријавување

 Пријавувањето за јавниот повик ќе биде електронски, со пополнување на онлајн формулар и прикачување на потребната документација во скенирана форма на интернет страницата: btsubvencii.mk, до која ќе може да се пристапи и преку официјалната интернет страница на Општина Битола: www.bitola.gov.mk.

Рокот за електронско пријавување започнува на 18.09.2020 година во 08:00 часот и ќе трае до 02.10.2020 година во 16:00 часот.

Едно лице може да поднесе само едно барање за субвенција, при што барањето може да се однесува за еден или повеќе клима уреди, но барателот мора да ги исполни условите од правилникот и јавниот повик за сите уреди. Доколку едно исто лице поднесе ново барање, неговото претходно поднесено барање се поништува и се брише, а за важечко ќе се смета барањето кое што ќе биде поднесено последно, со тоа што дозволено е аплицирање од еден ист барател најмногу до три пати, по што неговиот матичен број ќе биде блокиран и повеќе нема да може да аплицира.

Максималниот износ на субвенцијата што може да го искористи еден барател - носител на домаќинство изнесува 55.800,00 денари во нето износ (62.000,00 денари во бруто износ со данок на личен доход) и истиот може да се искористи за надоместување на трошоците за набавка и монтажа на еден или повеќе високоефикасни клима уреди. Доколку трошоците за набавка и монтажа се повисоки од максималниот износ на субвенцијата, разликата над тој износ останува на трошок на барателот. Данокот на личен доход на субвенционираниот износ ќе биде платен од страна на Општина Битола при исплатата на субвенцијата. Вкупните средства кои што се планирани за овој јавен повик, вклучително со данокот на личен доход, изнесуваат 155.000.000,00 денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани