Webp.net gifmaker

Драма над Црн Мост синоќа: Се судриле, па едниот насилно му го одзел возилото на другиот и избегал

Септември 17, 2020

Вистинска драма се случувала синоќа на улицата „Булевар 1 мај“ над Црн мост каде, како што  објави апла.мк , се случи сообраќајна незгода.

Од полицијата информираат дека кај нив било пријаваена во 21.20 часот, дека дошло до сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(37) од Битола и патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(58) од Битола.

После незгодата 37 годишниот В.Т.  со закани со остар предмет го одзел возилото на Д.Т и побегнал. Набргу потоа, тој бил фатен и лишен од слобода, при што ги попречувал полициските службеници во вршење на службените дејствија.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесе соодветен поднесок.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани