Webp.net gifmaker

Колку „тежат“ битолските пратеници?

Септември 16, 2020

Игор Дурловски кој беше носител на листа во ИЕ 5 за ВМРО ДПМНЕ, а сега се води како независен пратеник е најбогат според прикажаниот личен имот во анкетните листови доставени до Комисијата за спречување корупција од четворицата патеници од Битола. Дурловски во анкетниот лист прикажал личен имот од земјиште, куќа и две моторни возила во вкупна вредност од 20 840 000 денари или над 341 000 евра.

Со најголем имот Дурловски, па Лозановска, Ангелевска и на крај Костадиновска-Стојчевска

За разлика од него другите тројца пратеници имаат пријавено личен, а и имот што се води на родители и сопружници, но во вкупен износ помал од оној на Дурловски. По него, според вкупен износ на сопствениот и имотот и на најблиски роднини следува пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Олга Лоазновска со 16 160 603 денари или 264 927 евра. На трето место е Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ која прикажала свој имот и на членови од семејството од 14 983 300 денари или 245 627 евра, а последна Бистера Костадиновска Стојчевска од СДСМ со 5 370 500 денари или нашто над 88 000 евра.

Мал личен имот, повеќе имаат брачните партнери и родителите

Со исклучок на Дурловски, останатите пратеници пријавиле помал личен имот. Така Лозановска, како свој имот го има наведено само денарскиот депозит од 663 866 денари, како и кредитот од еден милион денари. Нејзиниот брачен другар има деловен простор, куќа во Битола, стан во Скопје и возило. Нејзините деца исто така имаат стан во Скопје и моторно возило.

Ангелевска како личен имот прикажала стан од 900 000 денари кој месечно го издава по 4000 денари и моторно возило „рено клио“ од 18 000 денари. Сопругот пак, има две куќи во Битола и Демир Хисар, едната со помошни простории и стан во Битола, орочени денарски депозити и земјоделско земјиште во Демир Хисар и возило. Како имот на деца пријавиле стан во Скопје и возило „шкода октавија“.

Пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска како личен имот има само возило сузуки од 241 000 денари и девизен депозит од 3000 евра. Како имот на родителите пријавила две куќи, гаража, помошни простории во Битола и стан во Скопје.

На Дурловски целиот имот се води во Скопје, а сите други пратеници имаат станови во главниот град само што се во сопственост на родители, сопрузи или деца..

Дурловски не пријавил долгови, другите имаат кредити

Дурловски не пријавил никакви долгови, Лозановска кредит на свое име во износ од 1 милион денари и 6,6 милиони денари на име на блиски роднини и фирма, кај Ангелевска кредит од 1,4 милиони денари има брачниот другар, а Костадиновска Стојчевска има кредит од 310 000 денари и кредитна картичка од 78 000 денари.

Лозановска нема пријавено свое возило. Кола има сопругот „шкода рапид“ од 360 000 денари и децата „рено клио“ 350 000 денари. Ангелевска вози скромно „рено клио“ од 18 000 денари, брачниот другар „рено меган“ од 120 000 денари, а децата „шкода октавија“ од 600 000 денари. Костадиновска Стојчевска вози „сузуки“ од 241 000 денари. Најскап е возниот парк на Дурловски со „крајслер градн војаџер“ од 600 000 денари и „фијат 500“ од 240 000 денари.игор 4

олга 3

силвана 2

бисера 1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани