2win800x200

Од „Браќа Манаки“ Столе Попов со пораки за името и идентитетот

Септември 19, 2020

Со скромно одбележување, но со исклучителен пиетет кон творците на филмската уметност во битолското Пацио, за првпат без црвен тепих, помпа и гости од странство, под отворено небо се одржа 41 издание на Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“. На единствениот настан кој ќе биде во рамки на фестивалот присуствуваат стотина гости меѓу кои претседателот Стево Пендаровски, покровител на настанот, градоначалничката Наташа Петровска, амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, претседателот на ДФРМ Игор Иванов, и Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот, новата министерка за култура, Ирена Стефоска, претставници од локалната власт во Битола, филмофили и други битолчани.

Претседателот Пендаровски рече дека годинава за жал ги нема црвениот тепих и препознатливиот гламур, ги нема филмските проекции и полните кино сали, ги нема драгите гости од светот на филмот поради пандемијата со ковид-19, но традицијата продолжува и во скратена и во изменета форма, фестивалот и понатаму живее.stevo

„Би сакал да го израазм своето уведување дека сите помагачи на фестивалот, централната и локалната власт, бизнис заедницата, филмските работници се и ќе продолжат да бидат понатаму со фестивалот“, рече Пендаровски.

Црвениот тепих изостана, но не и пораките поврзани со актуелните проблеми со промената на името и другите идентитетски прашања. Култниот македонски режисер Столе Попов, на кого Друштвото на филмски работници му ја додели наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ од сцената порача да не се занемаруваат фундаменталните вредности како идентитетот на човекот, неговиот јазик, култура, неговата духовност и духовноста во средината во која живее. На политичарите им порача со сила убавина не бива.stile

„Драго ми е што на наградата доделена од Друштвото на филмски работници на Македонија е зачувано генеричкото име, она име кое треба да стои. Треба да исчезнат какви било комбинации околу некои прашања или негации, кои, како што кажа, одат и до тоа придавките да исчезнат што никогаш не биле ни предмет на разумот, а камо ли на прифаќање.Нема поважно за слободата од идентитетот на човекот, неговиот јазик, култура, неговата духовност и духовноста во средината во која живее. Би сакал да скренам внимание на луѓето кои се занимаваат со политика да не забораваат и да не ги занемаруваат тие фундаментални вредности на светската кинематографија и демократија, кои се почесто се занемаруваат и губат. Да имаат една работа на ум дека со сила и на сила убавина нема”, рече Столе Попов.

Наградата му ја врачи Игор Иванов, директор на Друштвото на филмски работници на Македонија која рече: „во нашата уметност, филмската, повеќе од било која друга националниот предзнак е исклучително важен. Кога настапуваме на фестивали го пишува името на земјата, таму се вее знамето на нашата земја Македонија, Северна Република Македонија. Ако треба со некое име на автор да ја ознаќам македонската кинематографија тоа несомнено е Столе Попов.“

На фестивалот видео обраќање имаше и добитникот на „Златната камера 300 за животен опус“ Јануш Камински.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска рече дека ова е длабок мотив да се зачува и продолжи Фестивалот дури и во вакви услови на пандемија со ковид-19.nataa

„Го изодивме првиот чекор од петтата деценија на фестивалот кој го одржува пулсот на нашиот град, но пулсот на животот и на делото на Браќата Манки. Кинематографијата умее така добро да ги спакова и најобичните животни ситуации и од нив да направи чудна магија на екранот. Во градот каде што катадневно се случуваат културни настани, кој ја чува уметноста од античко време низ Хераклеја, до секоја фасада каде се кријат животни приказни. Токму во овој град можаат да се спакуваат низа животни ситуации и да претставува мотив за следни филмски сценарија. Ова е длабок мотив да го зачуваме фестивалот дури и во околности на пандемија. Сето ова е мотив повеќе да го зачуваме фестивалот и да го оставиме на следните генерации“, порача Петровска.stevco 2

stevce 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани