АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Состојбата со Преспанското Езеро е алармантна, a намалувањето на нивото има негативнио влијани врз кавлитетот на водата и живиот свет. Зголемена е појавата на алги, намалена е видливоста, а поради повлекувањето на езерото се поместуваат плодишта на рибите и фауната која живее во крајбрежниот дел.
Вака експертите од Хидробиолошкиот завод во Охрид ја оценија состојбата со Преспаснкото Езеро на денешната трибина во организација на локланата самоупрва на Ресен. Потребен е континуиран мониторинг, изработка на студија која ќе алармира за сосотојбите, изнаоѓање на алтернативни начини за примена на пестициди во земјоделието, а надлежните да ги спроведуваат предлозите, велат од Хидробиолошкиот завод
-Преспанското езеро покажува мезотрофен и премин на еутрофен карактер, што значи дека сите параметри веќе влегуваат во 3 и 4 категорија на вода. Карактеристично е и тоа што во подлабоките слоеви се појавуваа бескислородни услови. Кислородот знаеме што занчачи, претставува фактор за живот, а со негово намалување ќе дојде и до изумирање на живиот свет, вели Елизабета Велјаноска Серафиловска, директор на Хидробиолошки завод Охрид
За ваквата сосотојба влијание има и природата, но и човекот, велат екологистите и алармираат за брзи мерки со кои ќе се спречи понатамошното намалување на нивото на Езерото.
-Дел од причините се климатските промени, односно долгите периоди на суша. Но, би рекла дека е и користењето на водите за што немаме доволно податоци, а во наредниот период би требало да се обрне повеќе внимание. Посебно на користењето на водите во земјодлеието, но не само овде туку и на алабнаскта страна и постоење на голем број бунари, да се види што и како е активно, што се користи и како се користи, вели Робертина Брајаноска, МЕД
Од локалната самоуправа на Ресен и Владата велат дека во фаза на формирање е работна групаво која покрај македонската, се вклучуаат и албанската и грчката страна, за да се утврди што точно се случува со езерото во секоја држава.
-Ова ќе биде трилатрална работна група, што значи дека сите три земји ќе мора активно да се вклучат во соработката за спасување на Преспаснкото езеро. Но, ние ќе мора да го завршиме нашиот дел, без оглед какви активности ќе преземаат другите, вели минситерот за животна средина Насер Нуредини
Иако нивото на водата во Преспанското Езеро опаѓа со години, од локалната власт во Ресен велат дека се отворени за сите предлози и идеи на експертите за решение на проблемот
-Сите сме свесни дека проблемот со повлекувањето на Езерото, не е од сега и дека се повлекува низ годините без никој да му даде значење кое му е потребно. Како локална самоуправа имаме доволно храброст да се соочиме со овој проблем и зато ја свикавме трибината за спас на езерото. Одговорност за спас на Езерото мора да имаме сите , а ќе постигнеме само со внатрешна кохезија, заеднички изграден став и координација со соседите со кои го делиме Езерото, рече градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски
Нивото на Преспанското Езеро опаѓа со години, а деновиве се спушти на 5 метри и 12 сантиметри под нормалниот водостој. Крајбрежјето во одредени делови и во должина е поместеностено за стототина метри.