АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Корнел цвеќиња и полнел најлони, средовечен битолчанец денеска ја соголил цветната леа пред Безистенот во Битола непосредно до подвозникот. Минувачите од автомобилите му довикувале да не корни, да не уништува, но тој упорен во намерата продолжил, а за да ги земе со себе откорнатите цвеќиња буричкал и претурал во контејнерот со ѓубре во непосредна близина за да најде најлонски кеси за полесно да ги однесе дома. Кражбата се случила на очиглед и на менувачи и на дуќанџиите од Безистенот кои иако го прекорувале, продолжил да краде. Немилиот настан се случил околу 17 и 15 часот, додека бесрамникот со бебешка количка возел две бебиња и тоа едното на горниот дел од седиштето, а другото речиси на земја во делот за складирање на торби. .