2win800x200

Исчкртана таблата пред Филип Втори на која пишува дека е од античка и хеленска историја

Октомври 06, 2020

 

 

Со црн спреј исчкртана е таблата што беше поставена пред споменикот на Филип Втори на плоштадот Магнолија во Битола. На неа  на македонски и англиски јазик пишуваше дека споменикот е подигнат во чест на Филип Втори Македонски историска  фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација.
 
Поставувањето на вакви табли пред спомениците посветени на личности од античкиот период е обврска од Преспанскиот договор, но само што ќе се постават за кусо време се или демолирани или чкртани. 
 
Споменикот на кој Филип Втори е претставен како воин на коњ беше поставен во 2011 година за време на претходната власт кога градоначалник беше Владимир Талески. Инаку според историски извори, Филип се смета како основач на античкиот град Хераклеја кој денес се наоѓа близу Битола. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани