2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Наставници кои со својата работа станаа гордост на Битола

Октомври 05, 2020

По повод  Денот на наставникот Апла.мк успеа да издвои десет битолски учители, наставници и професори чии дела оставаат траг во просветната дејност во градот. Изборот е направен од наставен кадар кој оставрил соработка со нашата редакција, инаку секако дека бројот на про9светни работници кои пожртвувано работат во Битола е многу поголем.

 

8bd746903c3f6e67d3c2a6dac57b16e7 XL

1.Одделенскката наставничка Весна Аврамовска- Димитровска од ОУ„Климент Охридски“- заедно со учениците секојдневно водеа битка да им помогнат на двајца ученици од истото одделение кои имаа дијабетес тип-1, без проблеми да ја следат наставата, да си играат и да бидат прифатени како и другите дечиња. Тие научија да мерат шеќер во крвта, со соодветни знаци и смирено да предупредат кога на нивните другарчиња здравствената состојба им е влошена и им треба помош,  да препознаат хипо или хипергликемија.

„Имаме знаци со кои можеме да препознаеме дали ситуацијата кај нивните другарчиња е сериозна, дали опасноста е голема, при што треба да биде апсолутна тишина во одделението, за да може да се реагира соодветно. Бидејќи ги немаме тие соодветни пенкала кои што ги има во училиштата во светот, ние кориситме мед во краен случај за да се подигне гликемијата или пак да се реагира со корекција ако е висока гликемијата, имаше изјавено Аврамовска-Димитровска.

ЛЕНЦЕ

2.Одделенската наставничка Ленче Илиевска од подрачното училиште во село Трново- училницата во старото училиште ја претворила во шарена бајка. Со години небојадисаните, испукани ѕидови, ги прекрваше со постери и апликации кои беа во функција на воспитно-образовниот процес, а старите прозорци ги украсуваше со завеси во разни бои, така што училницата стана пријатно катче за учениците од Трново и Магарево кои овде следат настава од прво до петто одделение. Подрачното училиште во Трново е дел од битолското ОУ „Трифун Пановски“, а креативната наставничка Ленче оваа бајка ја создаде со сопствени средства, но и со поддршка од родителите. Согледувајќи ја потребата од помош, а и посветеноста на Ланче кон наставата, се јавија и повеќе донатори. Така се  молерисаа и обои училницата, се наредија плочки во училиштето, се стави ламинат, се уреди тоалетот, се постави нова дограма, се набави школски мебел.

„Одлучив да го променам амбиентот, но, со оглед на состојбите во образованието, морав да се снаоѓам со финансиии, па поголем дел од работите ги купував и се уште ги купувам сама, ги изработувам дома и ги носам во училницата. Но, имам поддршка и од родителите и од други хумани граѓани“, имаше изјавено Илиевска.

ucitelka bitola 32883289
3.Пензионираната наставничка по физичко воспитување Лилјана Галовска- во четирите децении работен стаж, држела часови во основните училишта „Трифун Пановски“, „Стив Наумов“ и „Елпида Караманди“, а никогаш не зела подарок од ученик. Таа е редок пример на наставничка која за Денот на жената со празни раце заминувала од школото без да прифати подарок од учениците. Вели дека нивното знаење било дар за неа.

„Кога ќе дојдеше 8-ми Март ние не купувавме подароци. Јас подарок не сум зела од ученик до денес. Никогаш. Меѓутоа, заедно со децата им дававме или честитка или нешто убаво напишано на сите наставнички во школото, дури и на помошниот персонал и на лекарите во амбулантата што беше во нашето училиште“, раскажува Галовска.

ВЕСНА

4.Одделенска наставничка Весна Гагаловска од ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола- со своето над 20 годишно работно искуство, во 2014 година се здоби со наградата за Најдобар просветен работник во Битола, а лани беше избрана меѓу 40 најдобри просветни работници од петте поранешни југословенски републики. Таа беше единствена наградена наставничка од Битола , а меѓу деветте од Македонија. Воедно позната е по креативните наставни техники, иновативни начини за совладување на наставната материја, нејзините ученици годинава  први изработија видео спот поттикнувајќи ги учениците да седат дома поради пандемијата со ковид-19 и да бидат одговорни.  

 „Една книга, еден молив, едно дете и еден наставник можат да го променат светот“, рече Гагаловска.

8b4a7ea3ecafbb8fa3d97b752cf2b591 XL

5.Одделнската наставничка Гордана Угриновска од Основното училиште „Елпида Караманди“ од Битола беше избрана меѓу најдобрите просветни работници во Македонија за учебната година 2017/18. Учествувала на бројни семенари, обуки, престои во странство, била ментор во повеќе образовани прокети, добитник на многу награди од областа на образованието. Со учениците редовно се вклучува во настаните за подигање на сообраќајната култура во градот, посебно за поголема безбедост на улицата „Васко Карангелевски“ каде во минатите години немаше легнати полицајци, а учениците секојдневно ја минуваа.    

„Наградите и признанијата што сум ги добила  е само потврда дека сум на добар пат за исполнување на мојата мисија како учител и дека потребите на сегашниве и идните генерации ќе продолжат да бидат исполнувани од моја страна. Вербата, силната емпатија, љубовта кон својата професија, секако и кон моите воспитаници, ќе ми биде патека на која ќе се движам наредниве години сѐ до моето заминување во пензија“, имаше изјавено Угриновска.

МИТЕ

6. Мите Ристов, професор по географија во Гимназијата „Јосип Броз Тито“-   беше единствениот наставник од Битола, добитник на грант од Фондацијата отворено општество, по распишаниот повик „Упешни наставници за добри наставни парктики.“ Од вкупно 112 апликанти од цела Македонија, ФООМ одобри девет грантови за наставниците и девет грантови за нивните училишта. Тој е пример за улогата која наставникот треба да ја има за развојот на целокупното општество , посебно поттикнувајќи активности за поздрава животна средина, истражувања и прокети во кои се вклучени и учениците, со тоа јакнејќи ја и нивната еколошка свест.

Ристов е познат граѓански активист, а исто така е претседател на Регионалното географско друшво „Геосфера“, кое во изминатиот период реализираше повеќе активности и истражувања за загадениот воздух во Битола, при што беа посочени причините и понудени мерки за намалување на аерозагадувањето.

c89fcf24630d373e7f8c4815dbae99ac M

7.Професорката по англиски јазик Марија Магдалена Петковска- Микаровска од Медицинското училиште- позната по слоганот Мети си со класнето“ на еко акцијата што ја покрена самоиницијативно за чистење на расфрлано ѓубре низ Битола. Од учениците создаде вредна еко дружина која се водеше од мислата: „Да покажеме дека не сме поголемо ѓубре од ѓубрето“.

„Имаме неколку важни цели: никој да не се осудил да ја хејта нашата позитивна мисла, да се оттргнеме од монструозната зависност од телефоните, да научиме и примениме општествено-корисна работа, да се дружиме до максимум, да научиме да не чекаме на благодарност од никој, да правиме добри дела без да чекаме да имаме корист, да алармираме да се постават што повеќе корпи за отпадоци и контејнери и, последно, но не помалку важно, на луѓето да им се вклучува црвен аларм секој пат кога ќе помислат да фрлат ѓубре каде што не треба“, вели Класнето.

a2

8.Нставничката по физика Валентина Степановска-Андоновска  од ОУ „Даме Груев“ -успеа  да создаде тим на млади научници кои каде и да се пријавеа со нивните проекти успеаваа да ги освојат првите награди. За некои од нив добија и грантови од Фондот за иновации и технолошки развој. Ќе останат запаметени по паметните венецијанерки со кои сончевата енергија ја претвораа во електрична и ја користеа за напојување на мобилни телефони, таблети и сл. Степановска- Андонова го освои второ место со својот научен прокет „Патување на светлината“ на меѓународен натпревар на УНЕСКО во конкуренција од 15 наставници –натпреварувачи од 10 земји.

„ Пријателски сме настроени кон животната средина. Ентузијасти сме, сами ги набавуваме работите, сами се финансираме. Се надеваме дека натаму би имале и пласман на производите, а и промоција на странскиот пазар“, имаше изјавено наставничката Степановска Андонова.

29468906 360915004391872 6020298110259953664 n

9.Наставничка по германски јазик Симона Монавчева од ОУ „Тодор Ангелевски“ – организираше настани во кои нејзините ученици присуствуваа на литературни читање со едни од  најпознатите австриски писателки за деца, меѓу кои и Ренате Велш. Со учениците подготвуваше драматизации за и тие пред странските автори да покажат колку добро научиле да го зборуваат германскиот јазик во своите училишта.

Воедно, организираше присуство на учениците на разботлиници каде се запознаваа со начинот како да пребаруваат во Австриската библиотека, да изнајмат книга и да читаат од богатиот фонд на германскојазичната литература во Битолската библиоптека. Сето ова со цел да стекнат што поголеми знаења од германскиот јазик, да можат да користат странска литература, но и да ја развијат што повеќе љубовта кон книгата.

30594644 370482180101821 2225569524990607360 n

10.Одделенската наставничка Фанче Јошевска од ОУ „Елпида Караманди“- на плоштадот Магнолија  организираше свечена детска академија со своите ученици за 77 годишнината од херојската  смрт на партизаните од народноослободителниот одредот „Пелистер“.  Ова беше само еден од настаните што Јошевска ги организираше за на учениците што поблиску да им ја долови херојската борба на партизаните кои ги положија животите за слободата на Македонија, а меѓу кои и патронот на нивното училиште. Организираше приредби во Алејата со бисти од борците на Шеталиште, часови по ликовно пред споменикот на Стив Наумов, творби со кои децата научија за делата на Тоде Ивановски, како и креативни работилници во битолски Завод и музеј.    

„Целта беше да се одржат настани кои треба да не потсетат дека историјата е лекција од која треба да учиме како да ја градиме иднината. Образованието има обврска да ги развива индивидуалните вредности кај секој ученик, но истовремено да го стави темелот на она што значат општествени вредности кои се развиваат доколку научиме да ги почитуваме и да не дозволиме да се заборават личностите и настаните во минатото кои се основата на нашето денешно постоење“, рече наставничката Јошевска.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани