АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Откако за една година споменикот на италијанските војници во Градскиот парк во Битола два пати беше цел на вандали кои го кршеа и ја крадеа фигурата во жолто-златна боја, синоќа ова спомен обележје беше исчкртано со црн спреј.
Нагрдена е таблата со текст и мермерната спомен плоча на која беше исцртана симболична скулптура на светец заштитник на италијанските војници учесници во Македонскиот фронт 1916-1918 година. На ова место претходно имаа поставено фигура во жолто-златна боја која еден месец по откривањето на споменикот во март лани беше украдена, а се претпоставува дека некој ја откорнал зашто му наликувала како да е направена од злато. Потоа, уште еднаш споменикот беше демолиран од вандали.
Споменикот беше инаугуриран на 29 март 2019 година кога на свеченост во Битола им се даде почит на италијанските војници учесници на Македонскиот фронт. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Италија во нашата држава Карло Ромео.
Вчера во Битола беше исчртана таблата пред споменикот на Филип Втори со натпис дека припаѓа на хеленската историја и цивилизација. .