2win800x200

ВО ПРЕСПА ВОДАТА ОД ЕЗЕРОТО ПОВЛЕЧЕНА ДЕСЕТИНА МЕТРИ, НА БРЕГОТ ИЗЛЕГОА ШКОЛКИТЕ

Февруари 02, 2018

Од Преспанското Езеро водата е повлечена десетина метри од минатото лето. На една од најромантичните плажи Дупени Бич кај Маркова Нога, водата повлекувајќи се создаде мали островчиња. На крајбрежјето треба да поминете дваесетина метри низ  тиња и вода до глужд за да влезете во езерото..

Водата е повлечена и во Претор, каде може да се распознае дел од дното што е излезено на површина. Овој дел од брегот распослан е со мали бели школки.

Повлекувањето и надоаѓањето на водата во Преспанското Езеро циклично се повторува во зависност од климатските промени. Научните истражувања што беа направени во рамки на проектот на НАТО „Одржливост на меѓународните води на Преспанското Езеро“ покажа дека водата од овој езерски басен преку понири и шуплини под Галичица се влева во Охридското Езеро. Меѓу двете езера има 150 метри висинска разлика што значи дека водата истекува кон Охридското Езеро.27591583 340618719754834 284320261 n

27658198 340618499754856 963746845 n

Инаку, златните денови кога Преспанското Езеро имаше најмногу вода беа во шеесетите години од минатиот век. Тогаш се претпоставува дека езерото располагало со 5 милијарди кубни метри вода. По повлекувањето што следувало подоцна езерото стигна до 3,5 милијарди кубици вода.  27661601 340618826421490 1932196170 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани