АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наставник во битолско училиште е позитивен на КОВИД-19 потврдија за апла.мк од Центарот за јавно здравје. Ова е прв случај на заболен од вирусот меѓу просветните работници во училиштата во Битола по почетокот на учебната година. Од ЦЈЗ велат дека нема ученици во изолација, затоа што заболениот наставник држел онлајн чаосви, односно немал контакти со учениците. Засега нема информација од кое училиште е наставникот.
Од Министерството за образование и наука апелираат до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста.
-Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, ако сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита, наведуваат од МОН