АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со градбата на новата северна трибина, стадионот „Под Тумбе кафе“ во Битола, според познавачите на фудбалот почна до некаде да наликува на познатиот фудбалски стадион Пољуд во Сплит, домашниот терен на Хајдук. Сличност има во изгледот на нашата северна трибинна со нивната источна и во покривната конструкција, но капацитетот на овој спортски терен во Битола е многу помал. Хрватскиот стадион брои 65 000 седишта, а во Битола според првичните планови презентирани пред неколку години во кои се предвидени поголеми реконструкции, стадинот ќе треба да има капацитет до 12 000 посетители. Само северната трибина што сега се гради ќе збира 4500 љубители на фудбалот. Изградбата на северната трибина е во напредна фаза, а како што Апла.мк објави и пред три дена поставена е и челичната конструкција од покривот.
„Се врши покривање на кровната конструкција. Се очекува да се заврши до крајот на ноември со кровната конструкција. Паралелно, во подтрибинскот простор на северната трибина се изведуваат градежно-занаетчкисти работи, се малтерисува, се работи на поставување електрична струја“, велат од Општина Битола.
Наскоро ќе започне поставувањето на новите рефлектори. Изградбата на новата трибина на стадионот во Битола чини 5,5 милиони евра и парите се комплетно обезбедени од Општина Битола.