2win800x200

Топ од гости во новиот еко парк во Битола

Октомври 23, 2020

Топлото време и креативните содржини денес со посетители го наполнаа еко паркот на Градското шеталиште во Битола. Најбројни беа децата кои забавувајќи се можеа и да научат бројки, букви и други содржини, а на отворено, поради широкиот простор можеше да се држи и дистанца. 

Еко паркот беше отворен пред една недела, а веќе стана омилено место за посета на најмладите кои на овој начин се забавуваат на отворено, а не во затворени простории што сега е ризично поради ковид-19.

Паркот е направен исклучиво од природни материјали. Идејата беше на градоначалничката Наташа Петровска, а ја реализираше ЈП ,,Комуналец"..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани