2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

44 годишната битолчанка која почина од ковид-19, била однесена на болница во екстремно тешка состојба

Ноември 17, 2020

За битолчанката која синоќа почина од ковид-19 од Клиничката болница во Битола за Апла.мк соопштија дека пациентката била донесена вчера попладнето на 16.11.2020 во екстремно тешка состојба. Таа била хоспитализирана во суспектни пациенти, диспноична, со сатурација која паднала до 36%. Пациентката била веднаш поставена на кислородна поддршка и давана и била соодветна интензивна терапија, пулсни дози на кортико. Реанимирана била неколку пати, во 02:00 часот после полноќ повторно со нагол пад во сатурацијата, правени се обиди за реанимација, но пациентката направи кардиак арест и егзитира.

Била тестирана била во Центарот за јавно здравје, утрото на денот на прием, а  вечерта пристигнат позитивен резултат. Пациентката предходно на 14 ноември била на преглед во тријажна амбуланта каде била ординирана соодветна терапија дневноболнички. Од коморбидитети таа имала дијабет, ХТА, хипотиреидоза и имала прекумерна тежина.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани