АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За пет месеци опфатот на работа на Лабораторијата за ковид тестови во Битола се зголеми повеќе од двојно. Дневно се прават и по 130 тестови, но сепак се премалку за да ги задоволат потребите на жителите од регионот на Битола, Кичево, Демир Хисар и Ресен, територијата што ја опфајќа Центaрот за јaвано здравје од Битола кое врши тестирања.
Кога во јуни беше отворена лабораторијата за тестирања на ковид-19 во Центарот за јавно здравје во Битола отпочнаа со 50 тестирања дневно. Сега бројот е зголемен за плус 80. Директорката Елизабета Крстевска вели дека се прават обиди да им се излезе во пресрет на сите пацинети, но капацитетите и технички и кадровски им дозволуваат да направат по 130 тестирања дневно.
„Досега не сме имале застој. Од 50 до 60 тестови зголемивме на 70 и 80, а сега и по 120 до 130 работиме тестови на ден. Имаме обем трипати зголемен, но работиме за цел регион и потребите на граѓаните се многу поголеми отколку што можеме тоа да го апсорбираме. Навистина се обидуваме да излеземе во пресретно, но толку многу е зголемен бројот, не дека сите се позитивни, некои бараат да се тестираат од страв, од други причини. Барањата се многу поголеми од она што можеме да го сервисираме“, вели Крстевска..
Битолската лабораторија беше првата во земјава што се отвори надвор од Скопје за тестирања на коронавирус. Апаратурата за тестови беше донација на компанија од Битола во износ од 30.000 евра. Средства донираше и Општина Битола во износ од 10.000 евра за обезбедување на просторни услови според потребните стандарди каде сѐ се изведува бесконтактно. Општина Битола пред две недели довираше и 10 000 евра за апаратура за кислородна поддршка во Клиничката болница во Битола, а деновиве уште 20 000 евра од општинскиот буџет за набавка на брзи ковид тестови.